Сабонис сам ја реши Јута, Мајами го „урна“ Феникс(ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа шест натпревари. Домантас Сабонис ја одигра најдобрата партија во својот живот во победата на неговата Индијана Пејсерс над Јута Џез од 125-113.

Литванецот натпреварот го заврши со 42 поени што е најмногу во неговата НБА кариера. Кај поразените Донован Мичел заврши со 36 поени.

Мајами Хит го совлада тимот со најдобар скор сезонава во НБА, Феникс Санс сред Аризона со (100-123). Тајлер Хироу со 33 и Данкан Робинсон со 27 поени беа први имиња кај тимот од Флорида, додека кај поразените Девин Армани Букер заврши со 26 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: ЛА Клиперс – Мемфис 108-123, Шарлот – Милвоки 114-106, Детроит – Орландо 97-92 и Бостон – Њујорк 99-75.

Се вчитува...