САД убедлив против домаќинот Јапонија

Женската кошаркарска репрезентација на САД ги оправда очекувањата и стигна до втората победа во групната фаза откако славеше над Јапонија со 86-69.

Изедначениот натпревар траеше само во првите 10. минути од средбата по кои Јапонија имаше минимално водство од 30-28, а САД работите ги превзема во свои раце веќе до полуврмето на кое замина со предност од 49-40. Добрата игра на Американките продолжи и до самиот крај на мечот со што лесно беа осигурани нови два бода.

Со дабл-дабл од 20 поени и 10 скока Вилсон беше првото име кај САД. Гринер додаде 15 поени и 5 скока, додека 15 поени, 13 скока и 5 асистенции забележа Стујард. Кај Јапонките Такада реализираше 15 поени, додека Хајаши додаде 12.

Претходно Белгија славеше со убедливи 87-52 против Порторико со што европската репрезентација остана во трка со САД за првото место во групата „Ц“.

Се вчитува...