Садио Мане како брз воз помина низ „Стемфорд бриџ“

Англискиот првак Ливерпул успеа да го совлада Челси со 0-2 на „Стемфорд бриџ“. Садио Мане беше стрелец на двата гола за „црвените“ на ова дерби, а дебитантскиот меч за Ливерпул го имаше и новото засилување Тијаго Алкантара.

Челси не успеа да реализира пенал преку Жоргињо, а од 45.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Андреас Кристенсен.

Во вториот дел, Садио Мане го постигна првиот погодок во 50.минута, а четири минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на Кепа Аризабалага. Во 75.минута, Алисон Бекер го одбрани ударот од белата точка на Жоргињо со што стави крај на надежите на Челси дека може да стигне до позитивен резултат на оваа средба.

Се вчитува...