Садио Мане позитивен на коронавирус

Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане е позитивен на коронавирус, потврдија од клубот. Мане по мечот со Арсенал во понеделникот покажал симптоми на вирусот, а по спроведениот тест утврдено е дека има присуство на ковид-19 во неговиот организам.

Мане веќе е во самоизолација, а како што пренесуваат англиските медиуми тој се чувствува добро. Позитивен на корона од таборот на Ливерпул е и Тијаго Алкантара.

 

Се вчитува...