Садио Мане во финални преговори за трансфер во Реал Мадрид

Францускиот „Франц фудбал“ тврди дека Садио Мане веќе е на пат кон Реал Мадрид, потврдувајќи ги шпекулациите дека Флорентино Перез е подготвен да ја исполни желбата на тренерот Зидан и да го донесе Сенегалецот на „Сантијаго Бернабеу“.

Сосема извесено е дека по крајот на сезоната Мане заминува од Ливерпул, а веќе се наведува дека се почнати преговорите за трансфер во Реал Мадрид. Челниците на Ливерпул се обидуваат да го задржат фудбалерот кој минатата година беше четврти во изборот за „Златната топка“ која ја доби Меси, но се чини Мане веќе донел одлука за преселба во Мадрид.

Се наведува дека Ливерпул на крај ќе се согласи на продажба за 80 милиони евра, што сепак се чини прениско во однос на претходните проценки на „црвените“ од над 120 милиони евра за својот одличен напаѓач. Претходно во својата кариера Садио Мане играше и за Мец, Салцбург и Саутемптон.

Се вчитува...