Саха: Роналдо е вонземјанин…

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Луис Саха не штеди пофални зборови кога е во прашање Кристијано Роналдо.

„Солскјер треба да биде среќен што во тимот има вонземјанин како Роналдо. Може да игра за која сака екипа и на овие години, и повторно ќе постигнува голови. Лојален е и способен за саможртва за која никој друг не е подготвен. Освен тоа, ако постои играч кој влијае на цел свет тоа е Роналдо. Не зборувам само за фудбалот, туку и за општествените работи. Многу луѓе знаат што тој работи, и претставува пример и инспирација“ – вели Саха.

Португалецот и Саха своевремено ја делеа соблекувалната на Јунајтед.

„Секогаш добро се согласував со него. Тоа ми беше лесно, затоа што и двајцата сме вредни. Ако Роналдо не ти се допаѓа како соиграч, тогаш не си вреден, тоа е се. И секогаш беше расположен и кон секого се однесуваше со почит. Понекогаш се чинеше дека од него не можете да се одбраните на терен. Би сакал повторно да играм со него“ – вели Саха.

Се вчитува...