Сајнц: Животот понекогаш знае да биде навистина луд

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц изјави дека е среќен поради денешната победа и резултатите на тимот на трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн.

Тој се пошегува дека на сите возачи треба да им се отстрани слепото црево ако сакаат да бидат успешни.

„Ова беше навистина добра трка. Се чувствував добро на патеката. Бев малку вкочанет и физички не беше најлесно, но имав среќа што повеќе или помалку ја возев мојата трка и можев да се грижам за темпото, гумите, се, така што не беше најтешката трка. Но, јас сум многу среќен, многу горд на тимот и задоволен што ги освоивме првите две места. Тоа покажува дека напорната работа се исплати и животот понекогаш е луд“, рече Сајнц.

Се вчитува...