Сака продолжи со Арсенал до 2027

Англискиот фудбалер и напаѓач на Арсенал, Букајо Сака го продолжи договорот со клубот, соопштија од таборот на „топчиите“. Клубот не наведе детали од новиот договор, медиумите пренесоа дека договорот е во следните четири години, односно до 2027 година.

Сака сезонава постигна 14 голови и запиша 11 асистенции, и со потпишувањето на договорот Арсенал го задржува еден од најдобрите играчи.

„Од суштинско значење е да ги задржиме младите играчи за да напредуваме. Букајо уште од сега е еден од главните елементи на нашата игра“, рече Артета.

Се вчитува...