„Сакаа да не налутат, а Србинките никогаш не треба да ги лутите“ (ВИДЕО)

Српската женска кошаркарска репрезентација се пласира во полуфиналето на Европското првенство откако го совладе еден од домаќините, Шпанија со 71-64 по продолженија.

Србинките беа блиску до победа и во регуларниот дел, на две секунди до крајот на мечот имаа предност 62-61, но при продор на Шпанија беше донесена контроверзна одлука по која домаќините добија две слободни фралања. За среќа на Србија, Кристина Овина погоди само едно па натпреварот продолжи во дополнителни пет минути во кои Србинките доминираа со девет постигнати и само два примени поени.

По натпреварот репрезентативката на Србија, Соња Васиќ на интересн начин ја прокоментира судиската одлика при крајот на регуларниот дел од натпреварот.

„Натпреварот како и секогаш беше тешок, со многу подеми и падови. Знам дека не одигравме најдобро, но не престанавме да веруваме. Нашата клупа не престана да верува во нас, нашата селекторка исто. Го вложивме последниот атом на силите за да победиме. Имаше моменти кога сакаа да не налутат, а Србинките никогаш не треба да ги налутите“, изјави Васиќ.

Се вчитува...