Салах бара плата колку Роналдо за да потпише нов договор со Ливерпул

Ливерпул потпиша нови договори со повеќе од половина од клучните фудбалери од изминатите сезони, „врзувајќи“ ги долгорочно Фабињо, Алисон Бекер, Хендерсон, Робертсон, Александер Арнолд и Ван Дајк, но допрва следи најтешкиот дел од задачата – да се договори продолжување на соработката со Мохамед Салах.

Египетскиот ас важи за лидер на нападот на „црвените“, управата сака да го задржи и да потпише нов договор со него, но проблем претставуваат превисоките барања на „фараонот“. Како што информира весникот „Мирор“, Салах побарал од Ливерпул огромни 500.000 фунти неделна плата, идентична сума на онаа што Кристијано Роналдо ја заработува по трансферот од Јувентус во Реал Мадрид.

Челниците на Ливерпул немаат намера да платат толку пари, со кои Салах би заработувал двојно повеќе од следниот на листата најплатени играчи во клубот (Ван Дајк). Затоа, интересно ќе биде да се види дали голгетерот ќе ги намали своите барања, или доколку тоа не се случи, следното лето ќе биде продаден од клубот.

Се вчитува...