Салах добива восочна фигура во „Мадам Тисо“

Мохамед Салах освои низа индивидуални признанија откако дојде во Ливерпул минатата година се закити и со трофејот во ЛШ, а на почеток од 2020 година ќе добие и своја восочна фигура во музејот „Мадам Тисо“ во Лондон.

„Ја почнуваме новата година со објава која сигурно ќе ги израдува сите фудбалски фанови ширум светот. Мо Салах е европски и светски клупски првак, фудбалска ѕвезда на врвот на својата моќ, убедени сме дека фановите ќе сакаат да ја видат и неговата восочна фигура“, изјави Стив Дејвис, генералниот менаџер на „Мадам Тисо – Лондон“.

Самиот Салах не го криеше задоволството од укажаната чест.

„Пресреќен сум што почнав да работам со уметниците на Мадам Тисо на мојата прва восочна фигура“, истакна асот на Ливерпул.

Се вчитува...