Салах донираше две крави за родното село

Во време на пандемија на коронавирус сите врвни спортисти наоѓаат начин да помогнат во своите држави, дел од нив донираат финансиски средства, дел самите набавуваат рестпиратори и медицинска опрема за локалните болници, но Мохамед Салах се реши за поинаков пристап, помагајќи во исхраната на жителите на Нагриг.

Во родниот град на врвниот голгетер живеат само 9.000 жители, а асот на Ливерпул решил да помогне подготвувајќи пакети со храна за семејствата. Покрај вообичаените прехранбени продукти кои ќе бидат дел од пакетите, Салах решил да донира и две крави.

„Меѓу другото, две крави што се обезбедени од Мохамед ќе бидат заклани, а месото ќе биде поделено меѓу жителите на Нагриг и околните села. Пораката од Мохамед Салах е јасна – слушајте ги препораките од властите за да го победиме вирусот“, изјави таткото на фудбалерот, Салах Гали, за египетските медиуми.

Се вчитува...