Салах е најдобар африкански фудбалер за 2017 година

Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах е избран за најдобар африкански фудбалер за 2017 година. Летното засилување на „црвените“ доби повеќе гласови од напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг и играчот од среден ред на Лајпциг, Наби Кеита.

„Пресреќен сум што ја добив оваа награда. Тоа е знак дека мојата напорна работа се цени. Одлично ја започна сезоната со Ливерпул, но имав и добра сезона во дресот на Рома, а секако тука е и успехот со мојата репрезентација. Им благодарам на сите кои ме поддржаа и ми помагаа да играм на највисоко ниво. Сакам да бидам најдобриот египетски фудбалер на сите времиња, па затоа оваа награда ја ценам како и секоја друга“, истакна Салах.

25-годишниот годишниот фудбалер е третиот Египќанец кој ја освоил оваа награда, ги следи стапките на Мохамед Баракат (2005) и Мохамед Абутрика (2008).

Се вчитува...