Салах е оптимист: Сигурно ќе играм во финалето на ЛШ!

Мохамед Салах е оптимистички расположен околу шансите за настап во финалето на Лигата на Шампионите, што Ливерпул ќе го игра на 28 мај во Париз против екипата на Реал Мадрид.

Најдобриот голгетер на Ливерпул мораше да биде заменет во првото полувреме од куп-финалето со Челси, по што „црвените“ стравуваа дека тој ќе мора да паузира до крајот на сезонава. Сепак, Салах беше одлично расположен при прославата на трофејот, а при заминувањето од стадионот беше прашан дали ќе може да игра против Реал.

„Секако, сигурно. Се е добро, ќе играм“, прокоментира Салах.

Јирген Клоп и неговите асистенти ги радува оптимизмот на „фараонот“ на Ливерпул, но со нетрпение ќе ги очекуваат резултатите од лекарските прегледи кои ќе покажат колку е сериозна повредата на најдобриот стрелец на „црвените“.

Се вчитува...