„Салах е подобар од Меси и Роналдо, тој е најдобар на светот“

Поранешниот напаѓач на Блекбурн, Крис Сатон, смета дека Мохамед Салах е најдобриот фудбалер на светот. Египјанецот постигна одличен гол за Ливерпул во реми натпреварот со Манчестер Сити (2-2), негов деветти гол во исто толку натпревари оваа сезона.

Во последните три сезони во Премиер лигата, Салах постигна 21 гол во просек.

„Во моментов, тој е подобар од Меси и Роналдо. Неговите бројки беа сензационални во последните сезони. Играта на најголемо моќнои ниво, неколку години во континуитет, тој е брилијантен“, заклучи Сатон.

 

 

Се вчитува...