Салах прв играч после 18 години со „хет-трик“ на „Олд Трафорд“

Мохамед Салах вчера на дуелот со Манчестер Јунајтед на гостински терен постигна три гола, во победата на Ливерпул од 0:5. Со тоа стана првиот играч кој после 18 години постигна „хет-трик“ на „Олд Трафорд“ како гостински фудбалер.

Во 2003 година, тоа му успеа на бразилскиот Роналдо, кој што со неговиот Реал Мадрид, успеа три пати да ја затресе мрежата на Јунајтед.

Воедно, со трите гола вчера, Салах стана најефикасниот африкански фудбалер во Премиер-лигата.

Се вчитува...