Салах: Ги менувам сите индивидуални достигнувања за реванш во Лигата на Шампионите

Мо Салах имаше уште една извонредна сезона во дресот на Ливерпул, но и покрај тоа што го водеше својот тим до битка за четири трофеи на крајот мораше да се задоволи само со оние во Купот на Англија. Неговиот тим не успеа да направи чудо во последниот ден од Премиерлигата, а не успеа ни да го совлада Реал Мадрид во финалето од Лигата на Шампионите.

Египјанецот сезоната ја заврши и со неколку индивидуални награди, беше избран за најдобар плејмејкер на Премиерлигата, заедно со Сон Хјун Мин ја освои и Златната топка, притоа беше избран и за играч на годината од англиските новинари и навивачи, но тој вели дека сите овие достигнувања би ги заменил за реванш на финалето во ЛШ.

„Никогаш нема да заборавам дека во иста сезона го добив признанието за најдобар играч од новинарите и навивачите. Сепак би ги заменил сите индивидуални достигнувања за можност повторно да играм во финалето од Лигата на Шампионите. Меѓутоа фудбалот не функционира така. Не можам со зборови да доловам колку сакав да го донесам трофејот во Ливерпул. Ова беше долга сезона, но дел од мене сака новата да започне веднаш“, изјави Салах.

Се вчитува...