Салах го „погоди во срце“ ЦР7: „Меси е подобар од Роналдо, сега веќе нема дебата…“

Вечна е темата кој е подобар од Лионел Меси и Кристијано Роналдо, фудбалерите кои заеднички одбележаа една фудбалска ера.

На тоа прашање одговор даде и фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах за кого повеќе нема дилеми…

„Меси! Мислам дека сега веќе нема дебата“ – рече Мо Салах, на тој начин осврнувајќи се и на светската шампионска титула на Аргентина во Катар, успех кој според многумина сега го прави Меси супериорен во однос на Португалецот.

Јасно е дека овие зборови нема да бидат на задоволство на Роналдо, чие его и тоа како е добро познато.

Се вчитува...