Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е прогласен за играч на месецот во Премиерлигата. Египѓанецот беше прогласен за најкорисен за изминатиот месец октомври, и по петти пат го добива ова признание.
Со тоа се израмни со Робин Ван Перси и Вејн Руни. Никој од активните играчи нема повеќе од него вакви награди.
Најмногу имаат Серхио Агуеро и Хари Кејн по седум, додека Кристијано Роналдо и Стивен Џерард во шест наврати биле најдобри играчи на месецот во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА