Салах ја објасни својата необична прослава на голот против Челси

Мохамед Салах постигна одличен погодок во триумфот против Челси, а потоа го прослави на необичен начин.

Египќанецот при прославата зазеде некој специфичен мирен став додека за тоа време неговите соиграчи на бурен начин го прославуваа голот.

„Не знам, тоа прво ми падна на памет затоа што вежбам јога“ – рече Салах кој потоа објасни и како дошло до голот за триумф од 2-0.

„Вообичаено влегувам внатре и шутирам од надворешната страна. Овој пат одлучив да идам на сила затоа што се работеше за поголема далечина. И успеав да погодам“ – вели Салах.

Се вчитува...