Салах, како е да се биде седми во изборот за Златната топка? (ВИДЕО)

Ливерпул остана обоен во црвено откако избраниците на Јирген Клоп славеа на гостувањето кај Евертон со убедливи 1-4. Победата на „црвените“ ја најави Хендерсон со гол во 9. минута, а веќе во 19. резултатот се зголеми на 0-2 откако Салах за затресе мрежата.

Во 38. минута Греј намали на 1-2, но до крајот на средбата оние кои ја тресеа мрежата беа гостите кои преку репрезентативецот на Египет и Диого Жота ја потврдија победата.

По мечот Мо Салах повторно беше во центарот на вниманието, а имаше и интересна реакција на новинарско прашање за седмото место кое го освои во изборот на Златната топка.

Се вчитува...