Салах како Леброн – нов напаѓач па продолжување на договорот

Сагата за продолжување на договорот на Мохамед Салах со Ливерпул добива нови размери откако англиските медиумите пренесуваат дека Египјанецот барал ангажман на нов напаѓач како услов за продолжување на соработакта.

Договорот на „Фараонот“ во клубот од „Енфилд“ истекува во летото 2023 година, но Ливерпул не сака да остави ништо на веројатноста и цели кон продолжување на соработката во најбрз можен рок. Првичните проблеми се јавија во примањата, но откако истите беа решени несогласувањата продолжија.

Салах дресот на Ливерпул го облече во 2017 година по трансферот од Рома вреден 42 милиони евра, а оттогаш се наметна како еден од најдобрите фудбалери на денешницата. 29-годишникот оваа сезона блеска во полн сјај со 15 гола и 9 асистенции во Премиерлигата и седум гола на шест настапи во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...