Мохамед Салах за првпат јавно проговори за односот со Садио Мане, демантирајќи ги гласините дека двајцата африкански напаѓачи на Ливерпул не се согласуваат најдобро. Дел од британските медиуми ги обвинија Салах и Мане дека не додаваат премногу еден на друг, во последно време тоа се промени, но Салах јасно стави до знаење дека никогаш немал проблем со „десетката“ на „црвените“.
Според Египќанецот, токму сенегалскиот голгетер е негов најдобар пријател надвор од теренот.
„Јасно е, на теренот сите соиграчи ми се како браќа. Но, надвор од него, на улица и во мојот дом, Садио Мане ми е најдобар пријател и брат. Имаме сличен живот, иста религија, му помагам кога не му оди, тој е тука да ми помогне кога мене ми е потребно нешто. Заедничко ни е што двајцата мразиме да сме на клупата бидејќи веруваме дека во секој момент можеме да му помогнеме на тимот. На мојата игра не гледам како на себичност, бидејќи моја работа е да постигнам што повеќе погодоци и на тој начин да му помогнам на тимот да победи“, изјави Салах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА