Салах меѓу 100-те највлијателни на „Тајм“

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, е на листата на 100 највлијателни луѓе во светот што ја објави магазинот „Тајм“. Египетскиот фудбалер е на насловната страница заедно со поп ѕвездата Тејлор Свифт, актерите Двејн Џонсон и Сандра О, политичарката Ненси Пелоси и телевизиската презентерка Гејл Кинг.

Клучната порака која ја испрати Салах во претставувањето на изборот беше зголемување на почитта кон жените во неговата земја.

„Мора да го промениме начинот на кој ги третираме жените во нашата култура. Тоа мора да биде направено. Ги поддржувам жените повеќе отколку порано и сметам дека заслужуваат повеќе од тоа што го добиваат во моментов“ – рече Салах.

Салах е меѓу трите интернационални ѕвезди на листата, зедно со него се и двојната олимписка шампионка Кастер Семења и тенисерката Наоми Осака. Од американските спортски ѕвезди меѓу највлијателните влегуваат Леброн Џејмс, Тајгер Вудс и Алекс Морган.

 

 

Се вчитува...