Мохамед Салах е херојот на Ливерпул во триумфот над Вест Хем од 1-3 во меч од 21. коло во Премиер-лигата. По првото полувреме без голови, Египќанецот го водеше својот тим до до водство со головите во 57. и 68. минута. Виналдум во 84. зголеми на 0-3, додека конечните 1-3 ги постави Доусон во 86. минута.
Ливерпул ја надмина резултатската криза па се врати на третата позиција на првенствената табела со 40 бода, односно четири помалку од Сити и еден помалку од Манчестер Јунајтед. Вест Хем и покрај поразот нема зошто да жали бидејќи е на одличното петто место со 35 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА