Салах: На Ливерпул му дадов се што имав, ќе видиме дали ќе останам…

Мо Сахал и Ливерпул сеуште не можат да ги договорат условите за продолжување на соработката која е со важност до следната година, па не е невозможно египетскиот репрезентативец да го напушти клубот за кој досега постигна 155 гола во 245 одиграни натпревари.

Во интервју за англиските медиуми тој изјави дека во Ливерпул се чувствува одлично, но сеуште не знае дали ќе остане во клубот и во иднина.

„Не знам што ќе се случи, имам договор на уште една година. Мислам дека навивачите знаат што сакам, но морате да знаете дека во договорите не се работи само за парите. Не знам, не сум сигурен. Мене Ливерпул многу ми значи, тука уживам во фудбалот повеќе отколку на било кое друго место. Се што имав му дадов на клубот, тоа сите можеа да го видат. Ливерпул за мене е како семејство“, изјави Салах.

Се вчитува...