Салах најави збогување: И реков на мајка ми да дојде да ме гледа…

Мохамед Салах е крајно несреќен од ситуацијата во Ливерпул, големиот ас по синоќешниот дуел со Лидс ја отвори душата говорејќи за разочарувањето зошто е оставен на клупата кога тимот игра далеку од посакуваната форма.

Тој отворено призна дека веќе нема никаква комуникација со Арне Слот, но и дека чувствува дека неоправдано е посочуван како главен виновник за големата криза на „Енфилд“. Салах не крие дека почнал дури и да размислува за заминување од „Енфилд“, и тоа веќе во јануарскиот преоден рок.

„Разочаран сум, не знам што да мислам, чувствувам дека одредени луѓе не ме сакаат тука во клубот. Играме уште со Брајтон дома, по што патувам за Купот на Африкански Нации. Никој не знае што ќе се случува додека сум таму, затоа и се јавив на мајка ми, и реков да дојде да ме гледа… можеби тоа ќе ми биде последниот меч на Енфилд“, емотивно изјави Салах.

Доколку реши да си замине од Ливерпул, следна дестинација на „фараонот“ речиси сигурно ќе биде Саудиска Арабија, од каде тој во изминатите 12 месеци одби неколку понуди за на крајот да потпише нов договор со Ливерпул.

Се вчитува...