Мохамед Салах уште еднаш ја потврди својата фудбалска генијалност, постигнувајќи нов феноменален погодок за Ливерпул, овојпат на гостувањето против Ватфорд.
Многу сличен погодок Салах постигна и на последното дерби со Манчестер Сити, за мајсторијата да ја повтори и денеска, маестрално ослободувајќи се од четири противнички фудбалери пред да го совлада голманот Фостер.
Ова беше осми меч во низа на кој Салах постинува гол за Ливерпул, најдолга голгетерска серија во кариерата на египетскиот ас.
Mo Salah – best in the world.😍 pic.twitter.com/pGCzYC7kcN
— Kloppholic (@Kloppholic) October 16, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА