Салах: Потполно сум уништен…

Ливерпул обезбеди настап во Лигата на Европа за следната сезона. Ова е првпат откако Јурген Клоп е на клупата, „црвените“ да не успеат да се изборат за место во Лигата на шампионите во Европа.

Сето тоа и тоа како го фрустрираше еден од најдобрите фудбалери во тимот Мохамед Салах, кој не можеше да го сокрие разочарувањето.

„Потполно сум уништен. За ова нема апсолутно никакво оправдување. Имавме се што ни е потребно следната сезона да бидеме во Лигата на шампионите и не успеавме. Ние сме Ливерпул и место во Лигата на шампионите секогаш треба да е минимум. Жал ми е, но прерано е за охрабрувачки или оптимистичен пост. Ве изневеривме и вас и себе“ – напиша офанзивецот на Ливерпул во обраќањето до навивачите на клубот.

Се вчитува...