Салах потврди: „Останувам во Ливерпул и следната сезона“

Првата ѕвезда на финалистот во Лигата на шампионите, премиерлигашот Ливерпул, Мохамед Салах потврди дека и следната сезона останува на „Енфилд роуд“. И покрај големиот број шпекулации дека тој ќе замине од Ливерпул, сепак тој ги отфрли сите шпекулации.

Салах изјави дека останува на „Енфилд роуд“ без размислување и дека во следниот период треба само со раководството да се договори околу неговиот нов договор.

„Сигурно останувам во Ливерпул следната сезона, тоа е јасно. Во мојот ум, не се фокусирам на договорот во моментов. Не сакам да бидам себичен, не е вистински момент да зборувам за договорот“, изјави Салах.

Се вчитува...