Ливерпул ја продолжи триумфалната серија во Премиер-лигата, откако тимот на Јирген Клоп и покрај бледата игра стигна до триумф од 2-0 над Ватфорд.
За разлика од претходните средби овојпат Клоп не го ротираше тимот, но „црвените“ одиграа далеку под посакуваното ниво. Салах беше стрелец на водечкиот погодок по еден пеколен контранапад во кој учествуваа и Фирмино и Мане, но мора да се истакне дека Ватфорд и при 0-0 и при 1-0 не искористи неколку извонредни шанси.
Голот на Мане на почетокот од вториот дел беше поништен со ВАР, а „Енфилд“ трепереше се до последната минута, кога по акцијата на Мане и Ориги, Салах со својот втор гол стави печат на победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА