Самба во фудбалска Струмица – Академија Пандев потпиша со тројца Бразилци

Академија Пандев потпиша тројца нови фудбалери како засилувања за наредната сезона. Стаанува збор за тројца Бразилци, чии квалитети треба да му помогнат на тимот на Александар Васоски пред се во играта во офанзива.

„Бразилскиот троец: Нунес Сантос Каио Лукас, Силва Сена Дос Сандос Каио и Лемос Да Силва Матеус, се најновите засилувања во нашиот тим. Тие денес се обврзаа на две годишен договор со ФК Академија Пандев. Среќно момчиња“, објави Академија Пандев на својот официјален профил на фејсбук.

„Пандевци“ неодамна потпишаа нови договори со Димовски и со Ферати, а тимот летово го напуштија стаандардни фудбалери од минатата сезона, како Серафимов, Миловановиќ и Крстовски.

Се вчитува...