Самбија разбуден од кома, го победи коронавирусот

Прекрасна вест пристигнува од фудбалска Франција, откако асот на Монеплје, Жуниор Самбија, успеа да излезе како победник од тешката борба со коронавирусот.

Овој 23-годишен фудбалер беше примен во болница со тешки симптоми на болеста, по што лекарите за да го спасат неговиот живот неколку дена го оставија во вештачка кома. Во меѓувреме состојбата му се стабилизираше, тој беше разбуден од кома, а се очекува за неколку дена да ја напушти и клиниката.

„Тој е симнат од респиратор, повеќе не е во кома, тоа дефинитивно е одлична вест. Процесот на целосна рехабилитација ќе биде долг, но најтешкото веќе заврши“, изјави агентот на Самбија, Фредерик Гуера.

Се вчитува...