Само „бато“ да е среќен: Кил го потпиша и братот на Ландин

Никлас Ландин неколку сезони наназад е главна ѕвезда на Кил, а управата на германскиот гигант прави се што може за данскиот голман да остане среќен во овој клуб. Во тој правец, денеска беше официјализиран и трансферот на 22-годишниот Магнус Ландин Јакобсен, кој е помлад брат на фантастичниот чувар на мрежата и кој од почетокот на следната сезона ќе го носи дресот на „зебрите“.

Иако има само 22 години, Магнус поседува богато меѓународно искуство од настапите за Кил. Игра многу како лево крило, но исто така е одличен и во одбраната“ – изјави тренерот на Кил, Алфред Гисласон.

Останува да се види колкава минутажа ќе добие новото лево крило на Кил, но едно е сигурно, Никлас Ландин ќе биде презадоволен што крај себе ќе го има својот помлад брат.

Се вчитува...