Само бод за Рома против Салернитана

Рома ремизираше со 2-2 против Салернитана во 36. коло од Серија А со што испушти голема шанса да се врати во игра за место кое води во Лигата на Шампиони следната сезона.

Натпреварот го отвори Кандрева со гол во 12. минута, а ВАР поништи изедначувачки гол на Рома во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме поради играње со рака.

Сепак до изедначување „воллицата“ стигна до 47. минута кога мрежата ја затресе Ел Шарави, но славјето на домаќините траеше само седум минути бидејќи Диа постигна гол за 1-2. Новото изедначување беше дело на Матиќ кој во 83. минута го совлада Очоа за конечни 2-2.

Се вчитува...