Само двајца фудбалери од Премиер-лигата ја освоиле „Златната топка“

„Златната топка“ е најважната награда во фудбалот која може да се освои на индивидуален план. Во последните години само Лука Модриќ во 2018 година успеа да ја прекине доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Англиските медиуми објавија интересен податок кој вели дека само двајца фудбалери кои во тековната година настапувале во Премиер-лигата успеале да дојдат до посакуваното признание. Првиот на кој ова му успеа е Мајкл Овен во 2001 година кога беше дел од Ливерпул. По него следниот фудбалер од Премиер-лигата кој беше избран за најдобар во светот беше Кристијано Роналдо кој во 2008 година ја освои првата „Златна топка“ од вкупно петте кои ги заработи во кариерата. На првото место на вечната листа е Лионел Меси кој има едно признани повеќе од својот најголем ривал.

Се вчитува...