Резултатската криза на Челси уште повеќе се продлабочи откако „сините“ попладнево ремизираа 0-0 на гостувањето против Борнмут. Маурицио Покетино се реши за неколку промени во стартниот тим, го остави на клупата и стандардниот лев бек Чилвел, но не успеа да ја најде победничката комбинација за неговите избраници да го совладаат одличниот Нето.
Челси имаше свои шанси, Џексон во првиот дел го погоди дирекот, а во второто полувреме слободниот удар на Стерлинг заврши во гредата, падна на самата гол-линија и се врати во поле.
На спротивната страна, Борнмут исто така имаше убави ситуации во противничкиот шеснаеетник, но Санчез имаше свој ден и со неколку одлични интервенции не дозволи да биде совладан.
Челси по пет одиграни кола има само пет освоени бода во Премиер-лигата, дури десет помалку од лидерот Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА