Само еден човек е среќен што „Ел класико“ е одложено

Фудбалската федерација на Шпанија ја одби жалбата на Барселона околу суспензијата на Осман Дембеле. Ернесто Валверде на Французинот нема да може да смета на дуелите против Еибар и Валјадолид.

Интересно е тоа што доколку првото „Ел класико“ сезонава се одиграше во првичниот термин тој немаше да може да биде дел од екипата. Сепак, поради одложувањето на терминот Ернесто Валверде сега ќе може да смета на услугите на Дембеле за големото дерби против лутиот ривал.

За потсетување Дембеле доби суспензија поради црвениот картон кој го доби на мечот против Севилја кој неговиот тим го доби со убедливи 4-0.

Се вчитува...