Само еден е непобедлив – Работнички ја реши енигмата Блокотехна (ФОТО)

Избраниците на Марин Докузовски остануваат перфектни по шестото коло во Првата лига на Македонија, откако во „Градски парк“ падна и одличниот состав на Блокотехна со резултат од 71-55. Во дуелот на непобедливите, Работнички ја прекина низата од пет победи на Гевгеличани, па сега се единствената екипа во првенството која се уште не знае за пораз. Блокотехна беше во непрепознатливо издание, само 25 реализирани поени за едно полувреме е спротивно од карактеристичната игра која ја негува новиот прволигаш во досегашните средби.
Почетните десет минути од мечот припаднаа на „центарци“, малиот број на резлизирани поени на двете екипи ветуваше дека ќе се игра цврста кошарка, па резултатот гласеше 14-9 за домаќините по првиот период. Цврстата одбрана на Работнички им дозволи да изгради солидна предност кон крајот на вториот период, па со +12 (37-25) заминаа на заслужен одмор, кошаркарите нa екипата од Гевгелија немаа решени за најтрофејниот клубо во Македонија.
rabotnicki-blokotexna (10)
Работнички практично ја осигура победата во третата четвртина откако го освоија периодот со резултат од 21-12, а воедно и стигнаа до највисоката предност до тогаш, имаа +23. За поразот да не биде толку горчлив, Блокотехна се разбуди во завршницата, па четвртиот период го освоија со скор од 18-13, сепак заслужено радоста припадна на играчите на Работнички.
rabotnicki-blokotexna (9)
Најрасположен во составот на Докузовски беше крилото Чавдар Костов, забележа дабл- дабл учинок со 15 поени и 12 скока, додека на Маркус Гинјард му недостасуваше еден скок за двоен учинок, заврши со 14 поени и 9 скока. 13 поени додаде Крстевски, а искусниот Чековски заврши со 11 поени. За Блокотехна најмногу се истакна центарот Казарновски со 14 поени и 10 скока, додека Младеновиќ реализираше 11 поени.

Се вчитува...