„Само еден фудбалер од Ливерпул има квалитет за тимот на Јунајтед од 1999“

Ливерпул сезонава прети да собори многу рекорди, но што е најважно и понатаму има шанса да го повтори успехот на Манчестер Јунајтед од 1999 година и да ги освои трофеите во Премиер-лигата, Лигата на шампионите и ФА купот. Помошникот на Сер Алекс Фергусон од таа 1999 година, Стив Мекларен вели дека само еден фудбалер од тимот на Ливерпул, може да биде првотимец во тој тим на Јунајтед.

„Само Вирџил ван Дајк може да биде дел од тој тим на Јунајтед. Каква одбрана би било тоа. Тој и Јап Стам. Кога ќе го погледнете тој тим на Јунајтед гледате само лидери во него. Додека Ливерпул има уште многу да работи“, изјави Мекларен. 

Најстандардна постава таа година во Јунајтед беше Шмајхел, Гери Невил, Ирвин, Јонсен, Стам, Бекам, Сколс, Кин, Гигс, Кол и Јорк.

Се вчитува...