Само еден клуб на Божиќ имал предност од десет бода и не успеал да ја освои Премиер-лигата

Ливерпул сезонава игра неверојатно и е на добар пат да стигне до титулата во Премиер-лигата за прв пат по 30 години. Откако, минатата сезона го освоија трофејот во Лигата на шампионите, а пред некој ден го освоија и Светското клупско натпреварување, Јирген Клоп го посакува тронот и во англиското првенство.

Кога е во прашање статистиката, „црвените“ во моментов имаат десет бода предност на првенствената табела од својот прв пратител. Имено, само еден клуб во историјата на натпреварувањето пред Божиќ имал толкава предност, а не успеал да го освои трофејот.

Се работи за Њукасл кој таа предност ја прокоцка во сезоната 1995/1996, кога на крајот на титулата се радуваше Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...