Само еден услов го дели Хари Кејн за потпис на нов договор со Тотенхем!

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн се наоѓа пред потпис на нов договорот со Тотенхем, но капитенот на Англија постави посебен услов за тоа да се случи. 28-годишниот играч ќе се согласи на продолжување на соработката со Тотенхем доколку раководството на тимот се согласи да има клаузула за откуп во него.

Според „Гардијан“, во Англија, не постои практика да се вклучат такви клаузули во договорите на играчите, за разлика од Шпанија, каде што тоа е практика, но може да се направи исклучок за Кејн. Доколку двете страните се договорат за нов договор, тогаш платата на Хари Кејн значително ќе се зголеми и тој ќе стане еден од најплатените играчи во Премиер лигата.

Инаку, во последните недели беше објавено дека Тотенхем е подготвен да му понуди договор со неделна плата од 400 илјади фунти. Актуелниот договор на напаѓачот на Тотенхем истекува летото 2024 година.

Се вчитува...