Само една причина го дели Зидан од договор со Манчестер јунајтед

Оле Гунар Солскјер веќе не е тренер на Манчестер јунајтед, нешто што треба во следните денови да биде потврдено и од раководството на клубот. Неколку имиња се шпекулираат за наследник на Норвежанецот, а како прв фаворит се споменува Зинедин Зидан.

Францускиот тренер од летото е без работа откако по втор пат го напушти Реал Мадрид, откако не успеа за првпат да освои титула во една натпреварувачка сезона. Зинедин Зидан е подготвен да седне на клупата на јунајтед и повторно да соработува со Кристијано Роналдо, Рафаел Варан…, но една причина го предомислува.

Имено, неговата сопруга, Вероника не е воодушевена од тоа да живее во Манчестер. Таа би сакала популарниот Зизу уште некое време да одмори од фудбалот, а потоа да најде ангажман во некој од потоплите краеви.

Останува да се види како ќе заврши целата сапуница поврзана со Манчестер јунајтед, а покрај Зидан кандидати за пополнување на тренерското столче се и Маурисио Покетино, Ралф Рагник и Брендан Роџерс.

Се вчитува...