Францускиот репрезентативец во Милан, Адриан Рабио не ги штеди зборовите кога говори за еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лука Модриќ.
Овие двајца се соиграчи во „росонерските“ редови па Французинот доби прашање каква е неговата импресија од Хрватот.
„Само Модриќ се уште го сака фудбалот како мало дете. Со него на средината на теренот се чувствувам многу пријатно уште од првиот ден бидејќи има квалитет и поглед. Покрај тоа допринесува за освојување на топките, со трчање и влезови во пресудните моменти. Тој е чудесен игра, ме воодушевува со желбата на теренот кој ја покажува секој ден и покрај тоа што има 40 години. Му се дивеам. Се надевам дека во тие години и јас ќе имам страст каква што има и тој“, изјави трофејниот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

