Само ПСЖ ќе може да си го дозволи Кристијано Роналдо?

Глобалната криза што ја предизвика пандемијата на коронавирусот ќе се ефектуира и на буџетите на најголемите европски клубови. Италијанскиот првак Јувентус во иднина нема да може да си го дозволи Кристијано Роналдо, тврдат медиумите на Апенините. Португалската ѕвезда заработува околу 800.000 евра неделно, а тоа ќе биде преголем товар за раководството на Јувентус во наредниот период. Поради тоа, фудбалерите на „старата дама“ се сложија за делумно намалување на платите, а Роналдо ќе добие 3,2 милиони евра помалку од претходно договореното.

На крајот од сезоната можеби Јувентус ќе биде приморан и да го продаде Кристијано Роналдо, а како единствен клуб кој во моментов би можел да си дозволи се посочува францускиот првак Пари Сен Жермен. Доколку Нејмар замине во Барселона, токму Роналдо би можел да биде новата голема ѕвезда на „Паркот на принцовите“.

Кристијано Роналдо дојде во Јувентус од редовите на Реал Мадрид за 100 милиони евра во 2018 година и на 53 натпревари за „старата дама“ постигна 42 гола.

Се вчитува...