Само реми за Челси на „Стемфорд бриџ“

Челси ремизираше (2-2) на „Стемфорд бриџ“ против Барнли и не успеа да се пробие на третата позиција на табелата во Премиер – лигата. Тимот на Маурицио Сари е четвртопласиран, но има еден одигран меч повеќе од Тотенхем и од Арсенал, кои му се конкуренти за позициите кои носат пласман во Лигата на шампионите.

Барнли поведе во осмата минута преку Џеф Хендрик, но Челси многу брзо одговори. Нголо Канте израмни во 12.минута, а само две минути подоцна Гонзало Игуаин направи целосен пресврт. Сепак, Ешли Барнс во 24.минута по вторпат донесе реми, што гостите успеаја да го одржат до самиот крај на натпреварот.

Се вчитува...