Само што беше промовиран во Сити – Мареска обвинет од Челси за катастрофалната сезона на лондонскиот клуб

Поранешниот менаџер на Челси, Енцо Мареска, и официјално е промовиран во нов шеф на стручниот штаб на Манчестер сити, потег што предизвика брза реакција и јавно објаснување од неговиот поранешен клуб за лошите резултати.

Челси ја заврши натпреварувачката сезона на разочарувачката 10. позиција во Премиерлигата. Раководството на лондонските „сини“ веднаш по промоцијата на Италијанецот излезе со став дека токму неочекуваната промена на тренерската позиција е главната причина за катастрофалната сезона и резултатскиот пад на тимот.

„Минатата есен клубот беше информиран од нашиот поранешен главен тренер дека постои можност тој да го наследи Пеп Гвардиола по завршувањето на сезоната. Ни стана јасно дека негова силна желба беше да го наследи Гвардиола и дека беше целосно посветен на остварување на таа можност, и покрај тоа што имаше долгорочен договор со нашиот клуб, кој немаше право еднострано да го раскине.

Во декември 2025 година, нашиот главен тренер неочекувано и ненадејно поднесе оставка од својата функција. Секако, се почувствувавме разочарани, бидејќи верувавме дека неговите мисли и срце веќе беа насочени кон друг клуб и друга можност, иако во Челси пристигна само една година претходно.

Ниту еден клуб не сака да го менува својот главен тренер среде сезона. Но, со оглед на неговата одлука да не продолжи да ги извршува своите обврски до крајот на сезоната, Клубот немаше друг избор освен да ги заштити нашите фудбалери, нашите навивачи и грбот на клубот, па ја прифати неговата оставка.

Во овие околности, и имајќи го предвид заемното почитување меѓу клубовите, постигнат е договор со Манчестер сити кој вклучува исплата на обештетување. Исто така, постигнат е договор и со поранешниот главен тренер, според кој и тој ќе плати обесштетување“, соопштија од Челси.

Се вчитува...