Сампаоли доби отказ: Аргентина го избрка „селекторот на далечинско“

Хорхе Сампаоли веќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Аргентина. По елиминацијата на „гаучосите“ од Франција во осминафиналето на Светското фудбалско првенство, челниците на Фудбалската федерација одлучија да му дадат отказ на Сампаоли. Аргентина апсолутно не ги оправда очекувањата, ниту со играта, ниту со резултатите на овој Мундијал во Русија, па разделбата беше неминовна. Тој имаше средба со првиот човек на аргентинскиот фудбал, Клаудио Тапија, на која му беше соопштено дека веќе нема да ја извршува селекторската функција.

Сампаоли дополнително си го поткопа својот авторитет со однесувањето за време на натпреварите. Посебно падна во очите прашањето до Лионел Меси, пред крајот на решавачкиот меч од групната фаза, кога го праша Лионел Меси дали во игра да го внесе Серхио Агуеро. Тоа јасно беше забележано на камерите од ТВ преносот, а потоа стана вирален хит на интернет. Сампаои одеднаш стана „селектор на далечинско“.

 

Се вчитува...