Сампаоли добива „клоца“ и богат чек

Сагата околу статусот на Хорхе Сампаоли во аргентинскиот национален тим дефинитивно ќе заврши денеска, откако на овој стручњак ќе му биде раскинат селекторскиот договор по фијаското што „гаучосите“ го доживеаја на СП 2018 во Русија.

Целата јавност бараше Сампаоли веднаш да биде сменет, фудбалерите се обидуваа да ја минимизираат неговата улога уште за време на мундијалските настапи, но проблем за федерацијата претставуваше цврстиот договор што тој го имаше, според кој во случај на отказ му следеа девет милиони долари како отпремнина. Како што јавуваат аргентинските медиуми, сега и тој проблем е решен, а Сампаоли со отказот ќе добие и чек на два милиони долари, само за да се стави крај на оваа епизода што нема по добро да ја памети никој во таборот на „гаучосите“.

Главна желба за нов селектор е Диего Симеоне, се споменува и Маурицио Покетино, но речиси невозможно е да се поверува дека овие двајца би си заминале од клубовите каде се „недопирливи“ за да станат селектори на Аргентина, функција во која „изгореа“ бројни стратези во изминатите години.

 

Се вчитува...