Сампаоли: Меси и Дибала се премногу слични, не можат да играат заедно

Селекторот на репрезентацијата на Арсенгитна, Жорге Сампаоли во пресрет на мечот со националниот тим на Перу, вели дека Лео Меси и Паоло Дибала имаат слични карактеристики во нивната игра, па со тоа има проблем бидејќи не може да стартува со двајцата од првата минута.

„Меси и Дибала се премногу слични во својата игра, немаме време да спроведуваме нова филозофија со која би се приспособиле и двајцата да се во исто време на теренот. Мора да размислување за предизвикот кој е пред нас. На мечот со Перу ќе мора да го прикажеме најдоброто од себе. Да не се наоѓавме во оваа фаза на квалификациите, кога би имале повеќе време за нова стратегија, можеби би пронашле решение. Дибала е иднината на оваа репрезентација, тоа е јасно, но засега проблемот може да биде решен на еден начин, а тоа е еден од нив да биде на клупата од првата минута“, истакна Сампаоли.

Аргентина утре ја пречекува репрезентацијата на Перу, мечот за нив е круцијален бидејќи ќе бркаат победа над директниот ривал за  пласман во групната фаза од Светското првенство. Двете страни имаат по 24 бодови, сепак Перу има предност на табелата поради подобрата гол разлика.

Се вчитува...